(Видео) Сопругот на Салма Хаек ѝ го честита роденденот на мексикански начин

Мексиканско-американската актерка Салма Хаек го прослави својот 53. роденден објавувајќи видео од прославата во Лондон на својот инстаграм-профил, каде што нејзиниот сопруг, францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино (57), особено ја почестил.

Во видеото Салма седи на масата пред тортата, а нејзиниот сопруг со поддршка од другите гости ѝ забива торта во лицето и потоа ја бакнува.

„Ја сакам оваа мексиканска традиција, но најдобриот дел од сето тоа е бакнежот. Ти благодарам, љубов моја, најдобар си!“, напиша Салма во описот на видеото.

Актерката исто така со своите обожаватели на „Инстаграм“ сподели видео во кое пее заедно со женски бенд маријачи.

Scroll to Top