Патиките станаа неизоставно модно парче и со тоа мораме сите да се сложиме. Белите патики се основно парче кога се во прашање обувките, како што малиот црн фустан, неколку едноставни бели патики, би требало да се најдат речиси во секој плакар за чевли.
Сепак, во последно време, патиките станаа обувки кои се комбинираат и во некои гламурозни прилики. Имено, белите патики сега ги гледаме и во комбинација со фустаните, здолништата и класичните аутфити.
Ако и понатаму ви е потребна инспирација – побарајте ја во продолжение.
Едноставните бели патики можете да ги стилизирате со свилен фустан, кој ви ги покрива колената. Покрај изгледот кој е во тренд, во ваквите патки ќе можете да бидете на нозе цела вечер, доколку се упатите на некое излегување или на прослава. Спојот на класиката и гламурот навистина имаат смисла.
Ако сѐ уште не сте спремни да мешате различни стилови, комбинацијата од поголем дуксер, искинати фармерки и белите патики, никогаш не излегува од мода. Ваквиот аутфит е погоден за прошетка или дружење со пријателите. Дуксерот, фармерките и белите патики патики најлесно можете да ги пронајдете во вашиот орман и да ги навлечете, доколку сте во брзање или само сакате да се тркнете до продавница.
Иако летото и понатаму е тука и сонцето пече, би требало да размислувате и однапред. Своите бели патики можете да ги искомбинирате со плетен џемпер. Во текот на зимата, воглавно целата облека е во темни и згаснати нијанси, па сивилото разбијте го со џемпери со јарки бои. Доколку облеката ви е колоритна, обувките би требале да бидат спротивно на тоа – едноставни. Белите патики се повторно идеален избор. Овој пат, белите патики можеби не се ѕвезда на аутфитот, но ја урамнотежуваат целата комбинација.
Белите патики и белата маица нека бидат основа. Модната комбинација истакнете ја со струк со интересен принт. Веселите летни бои доаѓаат во обѕир, како и анималниот принт. Едноставната торба ќе го надополни вашиот изглед. Косата соберете ја во незадолжителна и разбушавена пунџа, за да го надополните шик изгледот.
Белото не е резервирано исклучително за венчавки – со потполно белата комбинација не може да погрешите. Белата боја означува уредност и невиност и остава добар прв впечаток. Доколку сакате да додадете боја, изберете потемни ноти на кармин: црвена или боја на трула вишна. Поиграјте со шминката со својата сосема бела модна комбинација.
Обратете внимание вашите бели патики да бидат незаменлив дел од бројни комбинации, единствено ако се бели и чисти. На белото лесно се воочува секое зрнце нечистотија, па убаво е да помешате сода бикарбона и детергент за перење алишта и да ги истриете со стара четка за заби. Патиките исушете си го беби-пудра. Кога патиките ќе бидат спремни, време да смислите нов аутфит.