Почина Роберт Акселрод, актерот од „Моќните ренџери“

Актерот Роберт Акселрод кој се прослави во улогата на Лорд Зед и Финстер во „Моќните ренџери“ почина на 70. годишна возраст. Неговиот агент објави дека Акселрод починал во саботата во Лос Анџелес.

„Роберт ги обожаваше средбите со своите обожаватели кои му беа инспирација во работата. Неговата прекрасна и љубезна душа никогаш нема да биде заборавена. Секогаш ќе живее во сите кои го познаваа“, изјавил неговиот агент.

Роберт го позајмил гласот за преку 150 ликови. Неговиот глас ги оживеа ликовите во Моќните ренџери и тоа во филмот од 1995 година и телевизиската серија.

 

Scroll to Top