Глумицата Селма Блер секогаш јавно зборуваше за својата борба со мултиплекс склерозата. Откако била подложна на третман останала без коса, а сега со фотографија на која позира со гол задник, одлучила да го означи „почетокот на својот пат кон закрепнување“.
На фотографијата Селма е облечена само во палто, а интимниот дел го покрила со чанта во облик на рак.
„Портрет на дама“, напишала покрај фотографијата што ја направил фотографот Том Браун.
Инаку, во август 2018 година на Селма Блер ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склерозата, а со постирање на вакви фотографии таа дава поддршка на сите оние кои се борат против оваа болест.