(Фото) Селма Блер со потресна фотографија во борба со мултиплекс склерозата

Глумицата Селма Блер секогаш јавно зборуваше за својата борба со мултиплекс склерозата. Откако била подложна на третман останала без коса, а сега со фотографија на која позира со гол задник, одлучила да го означи „почетокот на својот пат кон закрепнување“.

На фотографијата Селма е облечена само во палто, а интимниот дел го покрила со чанта во облик на рак.

„Портрет на дама“, напишала покрај фотографијата што ја направил фотографот Том Браун.

Инаку, во август 2018 година на Селма Блер ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склерозата, а со постирање на вакви фотографии таа дава поддршка на сите оние кои се борат против оваа болест.

 

 

Scroll to Top