Пилот ќе го срушел авионот истурајќи кафе врз контролната плоча

Пилот можел случајно да го сруши авионот со кој управувал, откако врз контролната плоча случајно историл жешко кафе. Авионот „аирбас А330-243“, со 326 патници во него, кој летал од Франкфурт за Канкун во Мексико, бил принуден да слета во Ирска во градот Шенон, велат од Одделението за истражување на авионски несреќи.

Пилотот одлучил да го приземји авионот, откако жешкото кафе предизвикало палење и дим на контролната плоча, која набрзо потоа почнала да се топи. Пилотот изјавил дека погрешил кога својата чаша со кафе без капак ја ставил на контролниот панел, наместо на држачот за кафе, е наведено во извештајот.

Официјалните лица засега не објавија за која авиокомпанија станува збор, но се променети прописи за да се осигураат капаци за чаши на сите летови.

 

 

Scroll to Top