„Рено“ – официјален партнер на филмскиот фестивал „Браќа Манаки”

Францускиот производител „Рено“ е светски партнер на кинематографијата повеќе од 120 години, а со огромно задоволство компанијата „Аутомотив груп“ како генерален импортер на брендот во земјава ја продолжува традицијата поддржувајќи го јубилејното издание на „Браќа Манаки“.

Најновите модели од гамата на брендот со својот моќен дизајн, луксузен ентериер и модерни технологии ќе го овозможат пристигнувањето на шпанскиот кинематографер Хозе Луис Алкаине, познатиот режисер Фатих Акин, светски познатиот Џим Шеридан и останатите специјални гости на црвениот тепих.

„Како компанија која е препознатлива по почитта кон филмската уметност и културата заедничката успешна приказна со Интернационалниот фестивал ‘Браќа Манаки’ и ‘Аутомотив груп’ трае со години.

За време на гламурозното отворање на фестивалот, автомобилска ѕвезда ќе биде моделот Renault CLIO и тоа од најновата петта генерација кој ексклузивно ќе биде претставен пред својата премиера во Македонија, која е закажана за октомври оваа година“ – Симона Николовска, лице за односи со јавност на „Аутомотив груп“.

Scroll to Top