Овошни коцки

Потребно

500гр мешано овошје (јаболка, кајсии и праски )
4 јајца
130гр шеќер
2 кесички ванила
250 гр брашно
1 рендана кора од лимон
150 мл млеко
125 мл масло
1  пециво
1  бурбон ванила

Во длабок сад помешајте ги јајцата и шеќерот, додадете ја и ванилата. Матете да добиете убава густа смеса. Во друг сад помешајте ги пецивото и брашното и нарендајте им кора од лимон. Во друг сад ставете го млекото и маслото.
Постепено додајте ја прво смесата од брашно, а потоа смесата од течности.
Овошјето ќе ги измиете, исушите да нема вода и исечкате на посакуваната големина.
Во садот каде ќе печете ставете масло и набрашнете.
Префрлете малку од смесата и наредете го овошјето добро распоредено.
Прекријте го со останатата смеса. Печете подолго на потивко, 180 степени, 45 мин., затоа што овошјето пушта сок при печењето. Кога е печена оставете да истине, па сечете на коцки.
Попрскајте ја со шеќер во прав и бурбон ванила.

Scroll to Top