Фади Фаваз, поранешниот партнер на музичарот Џорџ Мајкл стана бездомник. Според британските медиуми, тој веќе нема пари да го плаќа во хотелот во Лондон каде што живееше откако семејството на Мајкл го исфрли од куќата на починатата ѕвезда. Според медиумите, 46-годишниот фризер од Австралија сега не може да си дозволи ни хотел, па спие на клупа во лондонскиот парк Ковент Гарден.
Фади го обвинил адвокатскиот тим на Џорџ Мајкл за неговата сегашна ситуација. Тој тврди дека бил измамен и принуден да се исели од луксузниот дом на пејачот во Регент парк во Лондон. Пејачот, пак, не му остави ништо во својот тестамент на некогашниот партнер. Дополнително, Фаваз беше уапсен пред скоро два месеца откако искрши се во куќата каде што живееше со ѕвездата, соопшти тогаш полицијата.
„Колку евтина икона, тој проклет Џорџ Мајкл… Колку проклета sвезда, беше навлечен на крек“, напиша тогаш Фаваз на „Твитер“.
Персоналот на хотелот „Травелџ“ за британските медиуми потврди дека поранешниот фризер веќе не е нивен гостин, а вработените во блиското кафуле рекле дека Фади до неодамна доаѓал на кафе или чај, а ги плаќал своите сметки со кредитна картичка. Инаку, постои засолниште за бездомници во близина на хотелот „Травелџ“, но тамошните станари велат дека не го виделе Фаваз.
Џорџ Мајкл не му остави ниту денар на својот поранешен партнер