Џорџ Мајкл не му остави ниту денар на својот поранешен партнер

Починатиот пејач Џорџ Мајкл на својот поранешен партнер Фади Фаваз (46) не му остави ниту денар од своето големо богатство во вредност од 100 милиони евра.

Целиот имот на Мајкл ќе го поделат неговите сестри во еднаков дел, а Фади ќе мора да се исели од заедничкиот дом во кој сѐ уште живее. Исто така е познато дека семејството на пејачот побарало од Фаваз  да ја напушти куќата , но тој одбил.

Судот ја донесе својата конечна одлука на 30 мај, според која мнозинството наследници на имотот на пејачот се сестрите Јиода и Мелани.

Популарниот пејач остави зад себе богата колекција уметнички дела, вклучувајќи го и пијаното на Џон Ленон, а според странските медиуми сè ќе припадне на добротворната фондација на Мајкл, која тој ја основаше во 2009 година.

Scroll to Top