Елтон Џон ќе ја компонира музиката за мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“ кој премиерно ќе се претстави во Чикаго во јули следната година, а потоа ќе се игра и на Бродвеј, објави „Дејли Мејл“. Мјузиклот е инспириран од истоимениот филм со Мерил Стрип и Ен Хатавеј.
Со Елтон Џон на мјузиклот ќе работи Шејн Тауб, кој ќе ги пишува текстовите на песните. Мјузиклот, пак, ќе го режира добитничката на наградата Тони, Ана Шапиро.
„Весела, смешна и гламурозна приказна… ‘Ѓаволот носи Прада’ е нов мјузикл кој ќе ге преобрази филмот. Понекогаш најдобрите модни изјави се прават преку песна“, изјавија продуцентите на проектот.
Инаку, Елтон Џон ја компонираше музиката и за „Кралот лав“ и за „Били Елиот“. Мерил Стрип, пак, доби номинација за „Оскар“ за нејзината улога на главната уредничка на „Вог“ во филмот што беше снимен по книгата на Лорен Вајсбергер.