Американец објави видео од својот миленик за кој вели дека може да направи сендвич без никаков проблем. Неговото куче знае каде се наоѓаат потребните состојки, а на него му остана да каже што сака да има во сендвичот.
„Дај ми ја шунката. Сега малку сирење. Дај ми ѝ сенф“, го замолува газадата својот миленик, кој ги вади потребните продукти од фрижидерот.
Кучето непогрешливо му ги дава сите состојки, а на крајот кога ќе му побара пиво, газдата заслужено го наградува за сработеното.