Пејачката Лејди Гага се спрема за нова улога, овојпат во хорор филм, пренесува USweekly. Таа ќе ја глуми Одри во новата верзија на филмот „Малата продавница на ужасот“. Ова ќе биде втора улога на Гага, која доби позитивни критки за улогата во филмот „Ѕвездата е родена“.
Неодамна пејачката изјави дека ќе се фокусира само на музичката кариера и на снимањето на новиот албум, па затоа јавноста беше изненадена од пишувањата дека прифатила нова улога. Сепак, Лејди Гага и нејзините менаџери не ја потврдија веста.