„Металика“ ја откажа турнејата во Австралија

Американскиот метал-бенд „Металика“ ја откажа турнејата која требаше да ја одржи на подрачјето на Австралија и Нов Зеланд, затоа што еден од членовите, гитаристот Џејмс Хетфиелд имал проблеми со алкохолот и дрогата. Тие им се извинија на своите обожаватели што ги изневериле, особено оние кои патувале од другиот крај на светот за да уживаат во нивните концерти.

„Жал ни е што мораме да ги известиме нашите обожаватели и пријатели дека ќе мораме да ја одложиме турнејата во Австралија и Нов Зеланд. Како што повеќето од вас веројатно знаат, нашиот брат Џејмс се бори со зависноста во последните неколку години. За жал, тој ќе мора повторно да влезе во програмата за лечење за да се опорави“, напишале членовите на бендот на нивната официјална страна.

Бендот вети дека парите ќе им бидат вратени на сите оние кои набавиле влезници, а датумите за концертите за наредната година си продолжуваат според планираното.

 

 

Scroll to Top