Властите во Шведска ќе ја избрише целата историја во учебниците до 18. век. На овој начин властите сметаат дека учениците повеќе ќе можат да се сконцентрираат на историските моменти како што се Холокаустот, Адолф Хитлер, Втората светска војна и постмодерниот период до крајот на 20. век.
„Го нема повеќе стариот Рим, древна Грција, нема повеќе учење за големото шведско царство“, најавува шведскиот одбор за образование, кој предложува драстични промени во предметот по историја.
Со овој предлог се сака повеќе значење да им се придаде на прашањата за половата дискриминација или рамноправност, климатските промени и миграцијата. Учениците во повисоките класови од 13 до 15 годишна возраст, повеќе нема да учат историја која датира од пред 1700. година.
Одборот за образование предложил, древна Грција, стариот Рим и ерата кога Шведска била голема сила (1611 -1718) и владеела со земјите околу Балтичкото море, да се избрише од историскиот учебник за најмладите.
„Ревидираните планови за наставата се резултат на недостигот на време на учениците за учење на историјата во школите“, тврдат од шведскиот одбор за образование.
Учениците од повисоките одделенија, мораат повеќе да се концентрираат на 19. век, на Холокаустот, Студената војна и идеите кои ја обликуваа Шведска за време на повоената ера, објаснуваат членовите на Одборот.
Ваквиот предлог наишол на отпор кај некои од професорите по историја, пренесуваат шведските медиуми.
„Тоа е грзоно, бизарно и апсурно“, тврди историчарот Дик Харисон.
Харисон истакнува дека е присилен да реагира и да укаже на фактот дека древната историја е потребна.
„Сè што не опкружува е наследство од старите Грци“, напоменува Харисон и предупредува дека ако предлогот биде прифатен, ќе направи сите Швеѓани, ширум светот, да се чувствуваат незгодно.
Харисон предлогот за како што вели тој „криење на историјата“ во Шведска го нарекол болен.