Глумците Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс третпат станаа родители, пишува порталот „Џаст Џеред“. Според нив, популарната Серена ван дер Вудсен од серијата „Озборувачка“ се породила пред повеќе од еден месец, но веста засега не е потврдена.
32-годишната Блејк првпат откри дека е бремена во мај, кога се појави на премиерата на филмот „Пикачу“, а од јуни таа не се појавила во јавноста, пренесува порталот.
Блејк и Рајан веќе имаат две деца, четиригодишната ќерка Џејмс и тригодишната Инез. Двојката е позната по својата приватност и тие скоро никогаш не се појавуваат со своите деца во јавноста.