Шпанскиот режисер Педро Алмодовар, кој стекна светска слава со филмовите што ги сними во родната Шпанија, сега првпат ќе снима филм во Северна Америка. Алмодовар откри дека филмот ќе се снима во Тексас и ќе биде главно на англиски јазик, но ќе има и некои двојазични сцени што ќе се снимаат во Мексико.
Алмодовар работи на првата верзија на сценариото, а филмот сѐ уште нема наслов.
„Сценариото се базира на пет приказни од американска писателка и се случува дел во Тексас, дел во Мексико. Ова ќе биде првпат да излезам од Шпанија“, изјавил Алмодовар за АП.
Неговиот последен филм „Болка и слава“ од пред неколку дена игра во американските кина. Тоа е негов 21. филм.