Кучињата можат да намирисаат страв, но може ли да ја намирисаат вистината?
Може ли вашето куче да е попаметно отколку што мислите. Се утврди дека сите кучиња се многу добри во проценката на човечкото однесување. Така барем тврди науката. Тимот што го предводи Акико Такаока од Универзитетот во Кјото, Јапонија, спровел студија во која открива дека кучињата навистина знаат дали треба да ви веруваат или не.
За целите на студијата сите кучиња биле изложени на измама во име на науката. Луѓето одамна знаат дека кучињата ќе трчаат кон предметот што ќе им го покажете со рака. Истражувачите ја искористиле оваа информација во својата студија. Во текот на експериментот им покажувале кон контејнерот што бил наполнет со скриена храна. Секако, кучето трчало кон контејнерот. Потоа им покажувале кон контејнерот што бил празен. Кучињата трчале кон него, но откриле дека таму нема храна.
Третиот пат кога истражувачите покажале кон контејнерот со храна, кучињата одбиле да одат до контејнерот. Тие знаат дека личноста која покажува не е доверлива врз основа на своето претходно искуство. 34 кучиња биле користени за експериментот и ниту едно куче не отишло до контејнерот третпат. Овој експеримент докажува дека кучињата можат да препознаат лажливец.
Со други зборови, ако сакате да го излажете своето куче, тој ќе формира мислење дека не треба вам да ви верува и во склад со тоа и ќе се однесува. „Кучињата имаат многу пософистицирана социјална интелигенција отколку што сме мислеле. Нивната социјална интелигенција еволуирала во текот на нивниот долг соживот со луѓето“, кажала Такаока, која исто така била изненадена од брзината со која кучињата заклучиле дека некоја личност е недоверлива.
Џон Брадшоу од Универзитетот во Бристол, ВБ, кој не бил вклучен во оваа студија, вели дека резултатот укажува на тоа дека кучињата преферираат предвидливост. Кога постапките се недоследни, кучињата стануваат нервозни и вознемирени.
Истражувачите планираат да го повторат експериментот така што ќе ги заменат кучињата со волци затоа што волците се во блиско сродство со кучињата. Целта е да се утврди длабокиот ефект на припитомувањето на кучињата.