Роберт, братот на Ким Кардашијан, не излегол од дома повеќе од 800 дена, пишуваат американските медиуми. Освен што не се појавува во јавноста, Роб наводно не се гледа ни со семејството ни со пријателите. Според „Радар онлајн“, тој неодамна на социјалните мрежи напишал дека прославил јубилеј, 800 дена без да излезе од дома.
„И не е за фалење“, му напишаа во коментарите.
Поранешната ријалити ѕвезда, која се прослави со шоуто „Во чекор со Кардашијан“, излегува од дома само ако е тоа навистина неопходно. Фотографите последен пат го сликале пред повеќе од две години, кога ја носел на лекар ќерката Дрим, што ја има од врската со Блек Чајна.
Кога пред неколку години Роб почна врска со Чајна, неговото семејство се противеше на врската. Кога сфатија дека таа има позитивно влијание на него, ја прифатија. За неколку недели почна да слабее, а откако му се роди ќерката, почна сопствен бизнис и промовираше своја модна линија. Но, кога Роберт дознал дека Чајна го изневерила со неколку мажи, ја прекина врската и се повлече од јавноста. Медиумите пишуваа дека е во депресија и дека состојбата му се влошува.
„Семејството прави што може за да му помогне, но Роб одбива да се сретне со нив. Тие го обожаваат, но навистина веќе не знаат што да направат за да го извлечат од кризата, зашто тој одбива секаква помош“, изјавил пријател близок на семејството Кардашијан за американските медиуми.