Aктерот Френки Муниз по серијата мозочни удари, целосно го има загубено помнењето и вели дека не може да се сети на ништо што правел во минатото. Популарниот тинејџер во деведесетите стана познат по улогата во хумористината серија „Малколм во средината“. Тој вели дека не се сеќава на ништо од снимањето.
Првите проблеми за него почнуваат во 2009 година, кога за време на фудбалски натпревар ќе доживее поблаг мозочен удар. Ситуацијата му се влошила во 2009 година, по доживеаната тешка сообраќајка. Муниз од тој момент ќе доживее серија мозочни удари, кои сериозно му ја нарушиле здравствената состојба.
Во шесте години колку што траело снимање на серијата за тинејџерот Малколм, тој стана најпопуларниот тинејџер во светот. Двапати беше номиниран за „Златен глобус“ и еднаш за „Еми“ наградата. Тој не чувствува тага и покрај тоа што не може да се сети на ништо од убавите моменти во животот.
Муниз ја изненади јавноста во 2008 година, кога ќе објави дека ја завршува актерската професија. Кај него ќе се појави желба да стане професионален возач во „формула 1“, а се пробал и како тапанар во бендот „Кингсфоил“. Ниту една од овие авантури не траела долго, а Муниз не се сеќава на ниту еден од овие настани.
„Дури откако пријателите ќе ме потсетат на нешто што сум правел во минатото, разбирам колку паметењето ми е лошо. Не се сеќавам на многу од работите за кои тие зборуваат“, изјавил Муниз.
Тој вели дека има голема поддршка од неговата вереница Пејџ Прајс. Двајцата ги надминале сите тешкотии кои му ги носел животот. Таа му предложила да води дневник и да забележува сè што прават заедно.
Френки денеска повторно ѝ се има вратено на глумата. Досега се има појавено само во неколку споредни улоги во серии и телевизиски филмови.
„Секогаш бев здрав. Никогаш не пиев алкохол, не запалив ниту една цигара, ниту пак сум пробал дрога. Единствено што чувствувам во мене беше стресот“, изјавил Муниз во едно од своите последни интервјуа.