Осум месеци по свршувачката со Кук Марони (33), овој викенд оскаровката Џенифер Лоренс (29) ќе се венча со галеристот и трговец со уметнички дела, пренесува ТМЗ. Двојката неодамна била видена во Њујорк како ги завршува формалностите за свадбата, што значи дека се приближува свечениот момент.
Актерката и нејзиниот свршеник ја објавија својата врска во 2018 година, а името на Марони за сите во светот на шоу-бизнисот било целосно непознато. Кук ја води познатата галерија „Гладстон 64“, сместена во Апер Ист Сајд во Њујорк, и ретко се појавува на друштвени настани.
Џенифер сакала да организира моминска забава за женско друштво по повод свадбата, но не поминало сè како што било планирано. Џенифер првин кажала дека нема да има моминска вечер, а потоа се предомислила и сè организирала во последен момент. Но, гостите не биле подготвени за нејзините чудни желби и речиси никој не можел да дојде, што многу ја погодило актерката.
Пред Марони, таа беше во врска со режисерот Дарен Аронофски, музичарот Крис Мартин и актерот Николас Хулт.