За прв пат во историјата, две жени шетаа низ вселената

Американските астронаутки Кристина Коук и Џесика Меир беа првите жени кои прошетаа низ вселената. Двете заедно излегоа од меѓународната вселенска станица и неколку часа минаа надвор во вселената.

Нивната прва прошетка беше прво планирана да се одржи во март годинава, но американската вселенска агенција „НАСА“, морала да ја откаже, три дена пред планираната акција, затоа што немале два соодветни скафандери со одговарачката големина за Кристина и Џесика.

Кристина и Џесика за време на прошетката во вселената имаа задача да ги заменат единиците за полнење на батериите, кои се расипале минатиот викенд. Првата Американка која излегла во вселената пред 35 години, Кети Саливен, е воодушевена од двете астронаутки и вели дека е одлично што „НАСА“ конечно има ангажирано доволно жени кои се обучени за да извршуваат мисии во вселената.

Шефовите на НАСА велат дека навивале за двете астронаутки, а истовремено објаснија дека во иднина ваквите прошетки на жени во вселената ќе станат рутинска работа.

 

 

Scroll to Top