Фелисити Хофман не може да се навикне на затворските услови

Актерката Фелисити Хофман е под стрес и чувствува голем срам поради затворската казна која треба да ја отслужи. Нејзин близок пријател октрива дека сеуште не може да се навикне на затворските услови. Таа побарала да биде сместена во затвор кој се наоѓа во близина на нејзиниот дом во Калифорнија.

„Ова се тешки моменти за неа и затворската ќелија не е она на кое Фелисити е навикната“, вели изворот.

Фелисите позната по нејзината улога во серијата „Очајни домаќинки“, е осудена на затворска казна поради тоа што го лажирала испитот за матура на нејзината ќерка.

Таа од минатиот вторник почна да ја служи казната од период од 14 дена. Дополнително требала да плати и казна од 30.000 американски долари и 15.000 долари кои требала да ги даде во хуманитарна организација.

Оваа пресуда ја вознемири јавноста, затоа што како што е пропишано со закон таа требаше да добие осум години затворска казна. Наместо тоа Фелиси доби само 14 дена затвор, кои откако ќе ги одлежи ќе биде пуштена на едногодишна условна казна.

 

.

Scroll to Top