Српската пејачка Наташа Беквалац и официјално се разведе од српскиот бизнисмен Лука Лазукиќ. Двајцата вчера се појавија во судот во Белград. Пејачката го доби старателството над нивната ќерка Катја, а Лазукиќ ќе мора месечно да плаќа алиментација околу 110 евра.
„Конечно сум разведена. Многу сум среќна“, изјавила Беквалац пред новинарите.
Двајцата се разделија пред повеќе од една година. Лазукиќ на 14 април минатата година ја претепа пејачката во нивниот стан во Белград. Беквалац потоа поднесе барање за развод.
„Знам дека ѝ падна камен од срце и дека конечно ќе ѝ тргне во животот. Ова судење беше за неа голем товар. Сега конечно може да дише со полни гради“, изјавила нејзина пријателка, со која пејачката го прослави разводот.