„Љубовта кон Лука не исчезна преку ноќ“, Наташа Беквалац за разочарувањата од бракот

Српската пејачка Наташа Беквалац раскажа за насилството што го трпела од поранешниот сопруг Лука Лазукиќ. Пејачката за српските медиуми кажала дека му ги нашла пораките во телефонот и знаела дека ја изневерува со други девојки.

„Пораките се знак дека тој не се разликува од другите мажи. Ударите не ме болеа колку неговите лаги. Откако ме истепа  почна да ме гушка, ама тоа е доказ дека имам работа со човек за кој може да се сними филм и кој има психолошки проблем“, изјавила Беквалац.

Пејачката кажа дека била вљубена во него и дека љубовта што ја имала кон Лука не исчезнала преку ноќ. Сега веќе многу поинаку гледа на него.

„Жал ми е, но Лука не можам да го доживеам веќе како маж, а тоа е поразувачки и страшно за него. Кукавиците се најлоши“, вели Беквалац.

 

Scroll to Top