Светската глумица Анџелина Џоли во нејзиното последно интервју за светски магазин откри дека е му е лута на Бред Пит затоа што побарал од судот таа со децата да живее во негова близина.
„Не сакам ни името да му го изговорам. Судот ми нареди да живеам во негова близина. Но ќе се преселам и надвор од Америка за да бидам подалеку од него. Ќе чекам само децата да станат полнолетни“, вели Џоли.
Таа и Пит се разделија во 2016 година. Од тогаш не можат да се договорат околу разделбата на богатството и нивните шест деца. Двајцата водат битка за старателството над Вивиен (11), Захара (14), Шајло (13), Нокс (11), Пакс (15) и Медокс (18).