За време на лекарски преглед, лекарите на Вил Смит му откриле малигно ткиво на цревата. Неговиот доктор Ел Стенфорд, додека му правел колоноскопија, го советувал глумецот да му ги прегледа цревата. Тој го открил малигното ткиво, и го советувал веднаш да направи интервенција.
Стенфорд објаснил дека доколку не се држи под контрола, малигното ткиво би можело да се развие во тумор. Благодарение на навремената реакција на лекарите, актерот сега се чувствува одлично.
„Велат дека не можеш да дојдеш до 50 милиони обожаватели на ‘Инстаграм’ без да го покажеш задникот. Сега правам колоноскопија, само за да стигнам до таа бројка. Мислам дека е забавно што го снимив ова видео. Немав поим дека ќе ми откријат малигно ткиво“, изјавил Смит додека се снимал на прегледот.
Ѕвездата од серијата „Принцот од Бел Ер“ на „Јутјуб“ им порачал на сите да не се срамат и да го направат овој преглед.
„Живееме во 2019 година и мораме да внимаваме на нашето здравје. Знам дека на повеќето луѓе им е срам, но ова е нешто што морате да го направите“, изјавил Смит.