Меган и Хари нема да го минат Божиќ со кралицата

Војвотката Меган Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари нема да го минат Божиќ со кралицата Елизабета Втора, пренесуваат британските медиуми. Кралската двојка со синот Арчи за празцниците ќе останат во куќата во Виндзор, или пак ќе патуваат кај мајката на Меган Дорија Раглан.

„Со кралицата ќе останат само принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон“, вели извор од кралската палата.

Тамошните медиуми деновиве пренесуваа дека односите во кралското семејство полека се смируваат, откако сите четворица биле видени заедно на Фестивалот за сеќавање во лондонскиот Ројал Алберт Хол. Сепак одлуката на Меган и Хари да не ги поминат празниците заедно со кралското семејство, повторно ги подгреваат шпекулациите, за нови кавги и недоразбирања меѓу двајцата принцови, пишува „Сан“.

„Им треба време за да ги наполнат батериите. Им треба период да размислат да донесат планови за следната година. Хари отсекогаш Божиќ го минувал со кралицата, освен во 2012 година, кога беше во Авганистан и изминатите две години кога беше со Меган“, вели извор близок до кралското семејство.

Кралската биографка Ингрид Севард вели дека Божиќ знае да биде прилично стресен за малиот Арчи, па затоа Хари и Меган се одлучиле да го поминат сами.

„Кралицата би можела да се почувствува навредено од ваквата одлука на Хари и Меган. Но, се чини дека на крајот може да ги разбере, затоа што Арчи е премногу мал за семеен собир“, вели Ингрид.

Вилијам и Кејт на семејниот собир со кралицата ќе бидат и со своите деца, синовите принцот Џорџ (6) и едногодишниот Луис и нивната ќерка Шарлот (4).

 

Scroll to Top