Роберт Де Ниро ќе добие награда за животно дело

Глумецот Роберт де Ниро ќе добие награда за животно дело која секоја година ја доделува синдикатот на глумци SAG-AFTRA, составен од 160.000 членови. Свечената награда Де Ниро ќе ја прими на свеченото доделување во Лос Анџелес на 19 јануари 2020 година.

„Член сум на овој синдикат преку 50 години. Чест ми е што ќе ја примам оваа награда“, изјавил Де Ниро, кој во својата кариера има снимено голем број филмови. Покрај Де Ниро на бината се очекува да се појават и негови познати колеги како Елизабет Тејлор, Клинт Иствуд, Деби Рејнолдс и други.

Де Ниро е коосновач на њујоршкиот Филмски фестивал Tribece и е добитник на некои од најзначајните културни признаинија во САД, меѓу кои и Претседателскиот медал на слободата, награда која претставува највисоко одликвање во САД.

Наградите на синдикатот на глумци се смета како најава за потенцијалните добитници на најважната светска филмска награда „Оскар“. Доделувањето на оскарите ќе се одржи на  9 февруари, а годинашните номинации ќе бидат објавени на 11 декември.

 

Scroll to Top