„Режисерот бараше да му ги покажам градите“, Џенифер Лопез раскажа за почетоците во кариерата

Скоро две години откако почна да се зборува за сексуалното вознемирување во Холивуд, Џенифер Лопез откри дека и таа била жртва на почетокот на кариерата. Во интервју за „Холивуд рипортер“, 50-годишната глумица и пејачка раскажала за непријатната ситуација, но не го открила името на режисерот што од неа побарал да се соблече.

„Бараше да му ги покажам градите. А јас му реков дека не сме на сет и дека нема да го направам тоа. Застанав во одбрана на самата себе. Смешно е, бидејќи се сеќавам дека во тој момент почнав да паничам“, раскажала Џенифер.

Лопез не била сама во просторијата со режисерот, туку друштво му правела костимографката.

„Ми рече дека тоа е пред друга жена, јас сепак реков не. За среќа, се чини дека растењето во Бронкс, тогаш излезе од мене. Му реков: не морам да ти ги покажувам градите, нема. Можеш да ги видиш на сетот“, рекла Лопез во интервјуто и додала дека режисерот подоцна ѝ се извинил.

„Ако попуштиш, мислат дека можат да прават што сакаат. Но бидејќи поставив граница и реков не, се повлече и подоцна се извини“, рекла актерката.

Scroll to Top