Хулигани од Малме ја запалија статуата на Златан Ибрахимовиќ која беше поставена пред помалку од два месеци. Причина за палењето е затоа што Ибрахмовиќ купил половина од акциите на ривалскиот клуб Хамарби.
„Ќе му помогнам на Хамарби да стане најдобриот клуб во Скандинавија“, кажал Ибрахимовиќ, а неговата изјава предизвика гнев кај фановите на Малме.
Тие му порачаа дека засекогаш ќе биде избришан од историјата на клубот. Фудбалерот сега е еден од најомразените играчи во Малме, а целиот гнев фановите го истурија врз статуата. Најпрво закачија даска од веце шолја, а потоа ја запалија.