(Видео) Луѓето на островот Бугенвил гласаат на референдум за своја држава

Покраината Бугенвил во Папуа Нова Гвинеја би можела да стане независна, нова држава во светот, ако успее референдумот кој се одржа минатата недела. Уште од крвавата граѓанска војна во 1998 година и мировниот договор кој беше потпишан во 2001 година, Бугенвил се бори за својата независност.

Сега е распишан референдум за да се одреди статусот на островот, иако ваквиот референдум не е обврзувачки. Постојат две опции за тоа што би можело да се случи. Граѓаните од 23 ноември до 7 декември можат да се определат за две можности. Да добијат независност од Папуа Нова Гвинеја, или да бараат поголема автономија од државата.

Повеќе од 80% од граѓаните веќе го искористија своето право за глас. Потребен е сега договор меѓу автономната влада на Бугенвил и владата на Папуа Нова Гвинеја, а потоа и одобрување од нејзиниот Парламент.

Бугенвил е состав на територии во чиј состав се наоѓа главниот остров Бугенвил, помалиот остров Баку и околните острови кои се сместени северно од Саломоновите острови и источно од Нова Гвинеја. Според некои познат е и под името Северен Саломон, а бил под австралиска управа, заедно со Папуа Нова Гвинеја.

Австралија е призна независноста на Папуа Нова Гвинеја, уште во 1975 година, но Бугенвил остана под нејзина управа и покрај тоа што културно е поблиску до Саломоновите острови.

Лидерите на двете страни ќе одлучуваат

Изјавата која ја дал новиот премиер на Папуа Нова Гвинеја, Џејмс Марапе, покажува дека главниот град Порт Мозби не ја поддржува активно независноста на Бугенвил, но дека не ја ни отфрла во целост.

„Повторувам дека исходот од референдумот ќе биде разгледан од страна на лидерите на двете страни, за да се најде најдоброто решение за народот на Бугенвил и Папуа Нова Гвинеја“, изјавил Марапе, истканувајќи тежнеење кон решавање со политичко, а не воено решение на повикот за независност.

Бугенвил добил автономен статус и право на формирање на парламент и носење на сопствени закони по крвавата граѓанска војна водена меѓу Револуционерната армија Бугенвил и воените сили на Папуа Нова Гвинеја, која траела од 1988 до 1998 година. Една од причините за оваа војна е несогласувањетооколу профитот на најголемиот рудник со бакар на светот, кој го управувал Рио Тинто во седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век, а кој го затворила Револуционерната армија на Бугевил во мај во 1989 година. Во војната загинаа повеќе од 20.000 луѓе.

Мировен договор конечно беше постигнат во 201 година. Сега резултатите од референдумот, кои се очекуваат да излезат до средината на декември, ќе придонесат за економски успех на земјата и повторно покренување на нејзината бакарна индустрија.

 

Scroll to Top