Магазинот Lonely Planet направи листа од десет дестинации кои се идеални за туристите да ги посетат во 2020 година. За најдобри градови кои треба да се посетат наредната година се прогласени Салцбург, Вашингтон и Каиро.
Најисплатливи места за посета се Источна Нуса Тенгара (провинција во Индонезија), Будимпешта, Маџа Прадеш во Индија и Бафало во САД.
Секое лето Салзцбург се претвора во огромен театар и градот од 150.000 луѓе станува културен центар на светот кој привлекува повеќе од 250.000 миленици на културата и музиката. Најзначајниот фестивал на музиката во градот на Моцарт следната година ќе го прослави стотиот роденден. Станува збор за настан кој традиционално се одржува во тврдината Хохенсалцбург. Програмата е целосно обновена и ако сакате да уживате во магичните вечери и изведби на музиката на Моцарт, пожелно е да ги резервирате билетите на време.
Сите очи наредната година ќе бидат насочени во главниот град на САД, Вашингтон, со оглед на тоа што се одбележува 100-годишнината од 19. Амандман, законот кој на жените им овозможува право на глас. Тоа ќе биде повод за бројни изложби во галериите и музеите, кои секако вреди да се посетат. Освен тоа, следната година ќе биде во знак и на претседателските избори во САД. Па оттука не чуди што секои внимание на јавноста ќе биде насочено кон Вашингтон.
Главниот град на Египет е познат по својата древна историја и секогаш е препорачливо да го посетите, ако ви се укаже можност за тоа. Ако сакате целосно да запловите во минатото на Египет, треба да застанете кај пирамидата во Гиза, Музејот на исламската уметност, џамијата Ал Азхар, прочуената чаршија Хан ел Халили. Следната година ќе биде означено отворањето на Големиот египетски музеј во Гиза, а туристите ширум светот со нетрпение го очекуваат овој настан. Тој ќе го претстави најголемата ризница на една светска цивилизација. Сите љубители на Тутанкамон веќе ги подготвуваат своите куфери.
Градот Галвеј е најинтересниот град во Ирска. Во него има многу пабови со жива музика кои нудат одлична забава, додека бројните кафулиња со отворени дворови даваат феноменален поглед на шеталиштата и уличните уметници. Една од најпопуларните ирски туристички дестинации е позната и по срдечното локално население и следната година, заедно со Риека во Хрватска, ќе биде престолнина на културата.
Некогаш главниот град на Западна Германија, Бон, исчезна од радарот кога Берлин во 1990 година повторно го презема местото како главна метропола. Оваа економска и културна метропола со интернационално значење од следната година ќе одбележи 250 години од раѓањето на Бетовен. Тоа значи дека посетителите ќе можат да очекуваат целогодишни концерти под палката на најдобрите диригенти. Посебно ќе биде изведбата на операта на Бетовен.
Административниот центар на Боливија обилува со необични контрасти и специфичности, кои на градот му даваат неповторлива атмосфера на исклучителност и мистицизам. Овој неверојатен град е дом на 11 милиони жители. Како главен туристички адут за 2020 година, Lonely Planet го издвојува проширувањето на трамвајската мрежа, која во 2014 година се состоеше од само три трамваи, а денес ги има 11.
Ванкувер е град кој се наоѓа меѓу море и планина. Ова е град кој се грижи и сериозно ја сфаќа животната средина. Родното место на Гринпис денес има широко распространета мрежа на велосипедски патеки и шеталишта. Ванкувер следната година ќе стане еден од најзелените градови во светот. Акциониот план предвидува унапредување на еколошки параметри на благосостојба за сите, како за жителите, така и за туристите.