Младиот пејач од Велес Давид Михајлов, деновиве ја објави својата трета песна „Мој свет“. Песната е на српски јазик, а спотот го сними Темелко Андреев, кој е и автор на песната.
„Темелко заврши одлична работа и задоволен сум од тоа како излезе спотот. Веќе работиме на македонска верзија на песната. Добивам одлични реакции од публиката и се надевам дека и во иднина ќе правиме нови одлични песни“, вели Давид.
Тој досега ги има испеано песните „Злато моје“ и „Моја мала“, чии автор исто така е Темелко.