Најдобриот фудбалер во светот, Кирстијано Роналдо го купи најскапиот стан во Лисабон. Станот вреди 7 милиони евра а во него има базен, сала за вежбање и прекрасен поглед на градот.
Фудбалерот кој сега игра за Јувентус, а претходно за Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, не заборава од каде потекнува, пишуваат медиумите.
Станот има и поглед кон населбата во која живеел кога бил сиромашен и кога почнал да тренира фудбал. Поради ангажманот во Јуве, тој сега живее во Торино, а по завршувањето на кариерата многу е веројатно дека ќе се пресели во Лисабон, пишуваат медиумите.