Синоќа во киното Милениум се одржаа „осмите #ТвитерНагради“, на кои беа прогласени најдобрите корисници на социјалната мрежа „Твитер“, но и од други социјални мрежи, како што се „Инстагрм“, „Фејсбук“ и „Јутјуб“.
Како и секоја година до сега, така и во оваа, при изборот на најдобрите, корисниците сами номинираат и сами одлучуваат преку гласање.
Овој настан има хуманитарна цел. За најдуховен твитерџија беше избран „На сузе малиот“, со неговиот најдобар твит –
– Колку е карта за концерт на Калиопи?,
– 1200 денари,
– Уууу бато.
Најдебитант/ка на „Твитер“ беше избрана Тинка Минка @topceglopce, а за најактивен твитерџија/кa од дијаспората беше избраnа Tanja@Azhdaja
Фото/Фејсбук