Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор објави дека има намера да се ослободи од службениот авион, за кој вели дека е премногу луксузен за неговата земја во која половина од луѓето живеат во сиромаштија.
Лопез Обрадор изјавил дека една од идејата е да го продаде или да се ослободи од него преку еден вид на лотарија, во која планира да бидат продадени шест милиони сречки од по 25 долари. Обрадор понудил и бесплатно техничко одржување на година дена, во случај добитникот на авионот на лотарија нема пари за тоа.
Обрадор додал уште четири идеи за прождаба на авионот „Боинг 787 дрмлајнер“, чија вредност се проценува на 130 милиони долари.
„Помогнете ми“, изјавил Обрадор на конференцијата за новинари и додал дека се состанал со познати бизнисмени и барал идеи како да го продаде авионот.
Леталото е скапо за одржување и за службена употреба, а експертите велат дека било уште поскапо да се претвори во патнички авион. Исклучително скромниот Обрадор одбил да живее и во луксузната официјална резиденција и истата ја претворил во уметнички центар.