Жителите во градот Нердлинген во Германија живеат во куќи и објекти изградени од дијаманти. Нердлиген е место во германската сојузна дражва Баварија, а градот е изграден на дијаманти кои потекнуваат од пред 15 милиони години, кога астероид ја погодил Земјата.
Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот бил еден километар, колку денешен Нердлинген, а бил тежок околу три милијарди тони. Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно за да се создаде мешавина на стакло, кристал и дијаманти, односно суевит.
Се проценува дека има околу 72 илјади тони дијаманти на подрачјето на Нердлинген. Милиони години по ударот на астероидот, местото го населиле првите жители, кои не биле свесни дека домовите ги градат на подрачје во кое има еден куп дијаманти. Со години верувале дека потеклото на кратерот е вулкански.
До шеесетите години на минатиот век, не било потврдено дека станува збор за астероид. Суевитот го користеле како градежен материјал, не насетувајќи дека се состои од ситни дијаманти. Црквата Свети Јури и средновековните ѕидини во Нердлинген се многу повредни отколку што изгледаат на прв поглед.
Иако количината дијаманти е огромна, жителите за нив не би можеле да добијат добра цена затоа што се помали од 0,2 милиметри, па немаат намера да го срушат градот, за да дојдат до богатството.
Германскиот град профитира на друг начин. Туристите доаѓаат од целиот свет за да ја разгледаат светлачката архитектура и да го посетат музејот Рис кратер, во кој се наоѓаат примероци од кратерот кој е направен од астероидот.