Најстарата ќерка на Коби Брајант, Џиана (13), загина заедно со нејзиниот татко во хеликоптерската несреќа, потврдија извори блиски до семејството. Тие демантрираат дека во хеликоптерот што се урна биле и останатите три ќерки на некогашниот кошаркар на „ЛА Лејкерс“. Со нив не бил ни Рик Фокс, поранешниот соиграч на Коби.
Според информациите, Џиана и Коби тргнале на редовен тренинг во кошаркарската академија „Мамба“, која е во сопственост на НБА легендата.
За потсетување, приватниот хеликоптер во кој летал 41-годишниот Брајант се урна во предградие на Лос Анџелес. Освен кошаркарот и неговата ќерка, во хеликоптерот имало уште три лица. Преживеани нема. Причините за уривањето за сега не се познати.