Професорот од Факултетот за политички науки во Белград Мирољубв Јевтиќ во интервју за српските медиуми ја коментираше решавањето на израелско-палестинскиот конфликт и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, во која тој џамијата Ал Акса, ја преименуваше во Ал-Аква.
Јевтиќ објасни за ова место во светот, за кое вели дека се крои целокупната светска политика. Тој зборуваше што претставува тоа во исламскиот свет и каде се наоѓа. Тој објаснува зошто изјавата на Трамп наишла на голем гнев кај муслиманскиот свет.
„Тоа место се нарекува Ридот на храмот. Според еверејското верување, за некој човек да биде спасен, тој морал да принесе некаква жртва. Жртвата,е според еврејското верување, може да се принесе само во храмот што го подигнал Соломон на тој рид. Овој храм подоцна го срушиле Вавилонците. Повторно е обновен, а потоа повторно срушен во 132 и 133 година по Христос. Евреите се протерани од Палестина и живееле во дијаспората и цело време фантазираат да се вратат во Ерусалим, но не за да направат држава туку за да го обноват храмот за да можат во него да придонесат жртва. Но, за храмот да може да функционира и да не биде повторно срушен, било потребно да се направи држава која ќе го штити. Функцијата на враќање на Евреите и обнова на државата Израел не е поради државата, туку поради храмот. Муслиманите во седмиот век го зазеле Ерусалим и местото каде што бил храмот. Тие на негово место подигнале две џамии, Ал Акса и Куполата на Ридот на храмот Овие две џамии се подигнати во чест на верувањето во исламот. Се верувало дека на ова место Мухамед на својот крилест коњ одлетал на небото и го видел рајот, пеколот, го почувствувал Алах, но не го видел, затоа што тој не може да се види. Потоа се вратил на земјата, па е пренесен во Арабија“, вели професорот Јевтиќ.
„За муслиманите ова претставува свето место во исламот. Кога е обновена државата Израел во 1948 година, таа е обновена со цел да се зачува храмот, но Ридот на храмот, односно Ерусалим, останал под власта на Јордан. Во војната во јуни во 1967 година Израелците, како што велат тие, го ослободиле Ерусалим, а Арапите велат дека Израелците го окупирале. Така Евреите дошле во политички посед на Ридот на храмот. Но, на Ридот на храмот немало ниту Евреи ниту еврејски споменици. Имало само муслимани. Тие тогаш биле во можност да срушат две џамии и да го обноват Ридот на храмот. Но, тоа за муслиманите би значело дека на живо сте им го извадиле срцето од градите. Тие не смееле да го направат тоа. И целата приказна се врти околу тоа. За да се создаде мир меѓу Евреите и Палестинците потребно е Евреите да се откажат од Ридот на храмот. А ако се откажат од Ридот на храмот, тогаш се поставува прашањето зошто се враќале во Израел. Ако Арапите се откажат од третото свето место, тогаш престануваат да бидат муслимани. Тоа е тој квадратест круг кој не може да се реши. Сè се врти околу тоа“, вели професорот Јевтиќ.