Русин со животот плати една своја забелешка откако и кажа на сопругата дека не готво добро. Убиството се случило во градот Корјажма, во Архангелската Област.
Семејството имало гости и кога сите седнале на масата, сопругот на домаќинката ѝ упатил груба забелешка дека „јадењето не чини”. Следувала караница, па мажот потоа ја удрил во лицето. Тогаш, 52-годишната жена зела кујнски нож и го избодела.
Гостите веднаш викнале брза помош, но додека лекарите да пристигнат, сопругот починал.
Истражните органи соопштуваат дека жената најверојатно ќе биде осудена на подолга казна затвор.