Џозеф Бајден ја бакна внука му во уста

Демократскиот претседателски кандидат Џозеф Бајден ја бакна во уста 19 годишнава внука Финеган Бајден за време на предизборниот митинг во Ајова во неделата. Ваквиот потег на Баден наиде на голем број негативни коментари на социјалните мрежи.

„Би сакал да ви ја претставам мојата внука. На дедовците секогаш им е дозволено да ги бламираат внуците. Нејзината баба дипломираше на овој Универзитет на средината на шеесетите години и постојано говореше за тоа“, изјавил Бајден. За време на говорот тој цело време ја држеше внука му за рака.

Потоа прошета низ бината и на публиката им говореше за разликата меѓу ќерките и внуките, а потоа пак се врати кај Финеган.

„Но, внуките не ги сакаат само своите дедовци, туку им се допаѓаат. Тоа е сјајна работа. Фала ти бебо“, изјавил Бајден, а потоа ја бакна Финеган во уста.

Фотографијата од бакнежот за кратко време се рашири низ социјалните мрежи. Сликата предизвика негодување кај голем број корисници, кои коментираат дека биле згрозени од ваквиот потег на Бајден.

„Ниту еден човек не треба никогаш вака да ја бакнува внука му. Ова е чудно семејство. Кој му ја води кампањата на овој човек?“, биле само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Бајден и претходно бил критикуван за својот однос кон помладите жени. Пред да почне со кампањата во пролетта минатата година, седум жени изјавиле дека им било непријатно поради неговото однесување и кога биле во негово друштво. Некои од нив го обвиниле дека ги држел за половината, рамењата или пак им ја мирисал косата иако тие посочиле дека им било непријатно. По ваквите обвинувања, Бајден јавно вети дека ќе биде повнимателен во почитувањето на личниот простор на жените.

 

 

Scroll to Top