На поранешниот принц Хари му недостига Велика Британија и кралскиот живот, пишуваат британските медиуи. Откако заедно со сопругата Меган Маркл се откажаа од кралското семејство и ја напуштија Британија, двојката со нивниот син Арчи се преселија во новиот дом во Ванкувер во Канада.
„Хари го има фатено носталгија. Тој дури сега свати дека му недистигаат семејството и пријателите во Британија“, вели извор близок до поранешниот принц.
Пријателот на Хари објаснува дека тој постојано ја користи апликацијата Wgats App, на која редовно испраќа фотографии и видео пораки на своите пријатели за да не го изгуби контактот со нив. Во групите постојано е активен и ги известува за сето тоа што се случува во Канада. Со Меган на лето планираат да го посетат Лос Анџелес.
Хари иако повеќе не живее во Велика Британија, тој често им кажува на пријателите дека тоа секогаш ќе биде неговиот дом и место кое просто го обожава.
„Можам само да замислам се што слушате и читате за мене во изминатите неколку недели. Затоа сакам да ја слушнете вистината од мене. Не како принц, или војвода, туку како Хари. Секогаш ќе гајам длабока почит кон баба ми, мојата врховна заповедничка. Се надевавме дека и понатаму ќе можевме да и служиме на Кралицата и без јавните пари. Тоа за жал е невозможно. Се помирив со тоа, знаејќи дека тоа нема да влијае ниту на мене како личност ниту на мојата лојалност кон неа“, изјавил Хари.ж
По напуштањето на кралското семејство, Меган доби работи да глуми во канадско реално шоу. Таа ќе ја глуми својата втора венчавка, пишуваат британските медиуми. Во серијалот од десет делови, Меган наводно ќе се обиде со помош на своите идни деверуши, од својот прв пропаднат брак, да го најде својот принц и да се омажи по вторпат.