Хоакин Феникс живеел во религиска хипи заедница, а Рајдер во комуна, тешкиот живот на познатите

Хоакин Феникс, Мишел Фајфер, Виона Рајдер, Лиза Мари Присли и Дејвид Аркет, се дел од познатите кои пред да станат успешни, проживеале течки гоини, особено во детството.

За некои од денешните најголеми ѕвезди, животот не бил отсекогаш лесен. Некои од нив детството го минале опкружени со забрани, правила и бизарни ритуали. Според нивните приказни и покрај тоа што животот не бил лесен за нив, тие сепак на крајот успеале да станат богати и славни.

Хоакин Феникс

Глумецот кој стана мегапопуларен по улогата на „Џокер“, пораснал во религиозна хипи заедница позната како „Божји деца“. Таму седел од неговата четврта година. По напуштањето на култот, неговите родители презимето Ботом го промениле во Феникс. Промената на презимето претставувало нов почеток за нив.

Откако го напуштиле култот, почнале обвинувањата дека младите членови биле киднапирани и сексуално злоставувани.

Мишел Фајфер

Глумицата Мишел Фајфер присилно била членка на движењето breatharianisma, кои верувале во теоријата која се засновала на уверувањето дека личноста може да живее без храна и вода, туку само од сонце и сончева светлина.

„Ова беше чиста игра со мојот ум, но тоа го сватив дури во зрелите години. Разговаравме со поранешен припадник на ова движење и тој ми ја обајсни психолошката манипулација низ која минал. Тогаш сватив дека бев дел од секта“, изјавила глумицата.

Виона Рајдер

Глумицата Виона Рајдер со семејството се преселиле во комуна Rainbow кога имала седум години. Заедницата се наоѓа во Калифорнија, а била позната по тоа што се залагала за борба против насилството и еднаквоста меѓу луѓето. Додека престојувала таму, Виона поголемиот дел од времето читала, затоа што тоа и била една од работите кои биле дозволени.

Лиза Мари Пресли

Контавторката Лиза Мари Пресли некое време живеела според правилата на сциентологијата.

„Полека станував самодеструктивна, а не знаев од каде тоа доаѓа. Кога сватив, бев очајна. Не ме советуваа добро. Ми ја земаа мојата душа“, објаснила Лиза.

Дејвид Аркет

Глумецот Дејвид Аркет заедно со двете сестри пораснал во комуна под името SkymontSubud, која ја основале нивните родители, наркомани, склони на физичко малтретирање. Неговото детство воопшто не било лесно, а и во оваа заедница, како и во многу други, немало струја, вода, ни купатило.

 

Scroll to Top