Фановите ѝ се лути на Адел затоа што ослабе

Британската пејачка Адел на музичката сцена се појави како девојка која има раскошен глас и некој килограм повеќе. И токму тој изглед ѝ даде автентичност и умееше совршено да го носи. Од лични причини, пред сè здравствени, таа реши да ги намали килограмите. Денес има 46 килограми помалку, а нејзиното појавување на забавата на Бијонсе и Џеј Зи по „Оскарите“ предизвика бурни реакции.

На фотографијата таа носи тесен фустан со животински принт, со кој нејзината тенка половина уште повеќе дојде до израз, но на обожавателите не им се допадна.

https://www.instagram.com/p/B8ZbtSyHY2p/?utm_source=ig_embed

Тие коментираат дека таа е непрепознатлива и дека како покрупна била многу поубава.

„Сега изгледа како да е болна, претходно изгледаше прекрасно!“, „Не изгледа среќна“, „Не личи на себе“, „Изгледаше далеку подобро кога беше покрупна“, „Дали драстичната промена на изгледот може да ѝ влијае и на гласот?“, „Ова е екстрем, зошто?“, „Правела ли некаква корекција на усните или лицето, непрепознатлива е“, се само дел од коментарите кои можат да се најдат на социјалните мрежи.

Сепак, има и такви кои сметаат дека килограмите не ја одредуваат како личност и дека таае сепак истата Адел, како и тоа дека ако неа новиот изглед ја прави среќна, зошто воопшто би било тема на дискусија.

 

 

Scroll to Top