Потребни состојки:
1 помала главица зелена салата
80 г туна од конзерва
малку сечкан лук
1 лажица „ворчестер“ сос
2-3 лажици сок од лимон
50 г мајонез
1 лажичка сенф
¼ лажичка сол
малку црн пипер
1 лажица пармезан
За крутони (коцки потпечен леб):
4 парчиња црн или бел леб
малку лук
50 мл маслиново масло
За украсување:
малку пармезан
80 г туна од конзерва
Начин на подготовка:
Измијте ја зелената салата и исушете ги листовите. Подгответе ги крутоните – вклучете ја рерната на 175 степени. Ставете хартија за печење на плехот. Во сад изматете 50 мл маслиново масло со 2-3 лажички ситно исечкан лук. Исечкајте го лебот на коцки, а потоа наредете ги во плехот за печење. Истурете го преливот и убаво измешајте за секое парче леб да биде премачкано со масло. Печете ги 10-15 минути или додека не зацрнат, промешувајќи ги барем еднаш. Исечете ги листовите од салатата на парчиња. Ставете ги парчињата туна во цедалка за да се исцеди маслото. Пола од туната ставете ја во салатата, а пола зачувајте ги за украсување. Направете го преливот од мајонезот, сенфот, сокот од лимон, солта, биберот, „ворчестер“ сосот и пармезанот. Излупете го лукот и ситно исечкајте го, па додајте ја и исцедената и исечкана туна. Измешајте ги состојките додека не се изедначат. Прелијте ја салатата и ставете ги крутоните на врвот.