Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини неговата поранешна ривалка Хилари Клинтон дека обелоденила најголем број тајни документи од која било друга историска личност во САД.
PRESIDENT TRUMP: “Hillary Clinton leaked more classified documents than any human being, I believe, in the history of the United States of America.” pic.twitter.com/AKExj90V6C
— Breaking911 (@Breaking911) February 20, 2020
„Верувам дека Хилари Клинтон е најголемиот тшпион во историјата на САД“, изјави Трамп.
Американскиот претседател верува дека неговиот пријател и поранешен соработник Роџер Стоун, кој е осуден на 40 месеци затвор, би можел да биде ослободен од обвиненијата.
Трамп повторил дека Стоун немал чесно судење и додал дека во иднина ќе ја разгледа и можноста за негово евентаулно помилување. Стоун на 15 ноември е прогласен за виновен за попречување во истрагата на Конгресот во случајот со вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.
Стоун беше прогласен за виновен по сите седум точки од обвинението кое го покрена Министерството за правда. Пет точки се однесуваа на лажењето пред Конгресот, една на злоупотреба на сведоци и уште една на опструкција на одборот на Конгресот.
Соработникот на Трамп (67) е уапсен во јануари во американската сојузна дражва Флорида, но брзо потоа е пуштен на слобода со кауција.