По 50 години кариера глумецот Ал Пачино ќе се игра во ТВ-серија, за која ќе се снимаат повеќе продолженија0. Прикажувањето започнува денеска на Амазон Прајм Видео.
Приказната на „Ловци“ (Hunters) е сместена во Њујорк, во 1977 година, и го следи Мајер Оферман (Ал Пачино), водач на групата ловци на нацисти, кој претходно го преживеал холокаустот. Тој дознава дека во САД тајно живеат стотици поранешни нацисти кои планираат „Четврти Рајх“, и тоа во Америка. Серијата е инспирирана од вистинити приказни.
– Никогаш досега не сум снимил серија од 10 епизоди. Тоа е нешто како 12-часовен филм. Патем, ова е луда приказна… Страшна, но и полна со длабоки емоции – рече Пачино, кој во април полни 80 години.
Режисерот на серијата, Дејвид Вејл, меѓу другото, сака и да ги пренесе раскажувањата на својата баба што го преживеала холокаустот, нејзините искуства на војната за коишто тој ги слушал како дете.