Луѓето на социјалните мрежи тврдат дека американскиот писател Дин Кунц ја предвидел појавата на коронавируисот уште во 1981 година. Во неговиот роман „Очите на темнината“ се споменува овој вирус, но и градот Вухан во Кина, кој е епицентарот на епидемијата со коронавирус.
На социјалните мрежи се објавуваат цитати од книгата и се тврди дека Кунч ја предвидел епидемија на вирусот Ковид-19, особено затоа што и тој во својот роман го споменува Вухан како епицентар на инфекцијата за која пишува во книгата. Писателот во овој трилер, кој е објавен пред речиси 40 години, го нарекува вирусот Вухан-400, што е морничава случајност.
Но, постојат големи разлики помеѓу вистинскиот вирус што потекнува од овој град и оној опишан во романот. Првата разлика е во тоа што Вухан-400 е развиен како биооружје надвор од градот за да се истребат луѓето. Во книгата стапката на морталитет од овој вирус е 100 проценти, односно секој што ќе се зарази со него – умира. Ковид-19, од друга страна, има стапка на смртност од 0,2 проценти.