Ќерките на Кристен Бел своите заштеди ги донираа за болните и гладни деца

Глумицата Кристен Бел и нејзините ќерки ги донираа своите заштедени пари за болните од коронавирус. Глумицата донираше голема сума за добротворни цели, а сега вели дека свој допринес дале и нејзините две ќерки, шестгодишната Линколн и четиригодишната Делта.

„Моите ќерки ги испразнија своите касички во форма на прасија и дадоа своја донација во добротворната организација No Kid Hungry, посветена на спречување на гладдта и сиромаштијата на децата, среде глобалната здравствена криза“, напишала Бел на социјалните мрежи.

„Луѓето од организацијата NKH секогаш беа за децата на кои им беа потребни. Тие неумроно работат на обезбедување на храна за гладните илјадници деца ширум земјата. Ги охрабрувам сите луѓе кои се во можност да донираат, да помонгат на кој било начин можат, за да можеме да ја пребродиме оваа криза заедно“, вели Бел.

Таа објави дека нејзиното семејство неодамна донирало 150.007,96 долари во оваа организацијата.

 

View this post on Instagram

 

NKH has always been there for kids who need them. They work tirelessly to provide food for the hungry bellys all over this country. I encourage anyone with the means to share to donate as well, any amount helps, so we can get through this together. (The reason the number is odd, is because when my kids overheard me making the donation, they asked if they could also donate the money from thier piggy bank. I couldnt have been prouder to add that extra, and important 7 dollars and 96 cents.😍😍😍) #Repost @nokidhungry with @make_repost ・・・ We’re BEYOND grateful to our friend and #HungerHero @kristenanniebell for her gift of $150,007.96! Thank you for helping us send out even more grants to schools and community groups working to feed kids during the #COVID19 outbreak.

A post shared by kristen bell (@kristenanniebell) on

„Причината за оваа бројка не е зацртана, затоа што и моите деца, ги додадоа своите пари од касичката за штедење. Тие веднаш помогнаа кога слушнаа дека и јас донирам. Не можам да бидам погорда на нив и на нивните седум долари и 96 центи, малку но важни пари“, објасни Кристне.

Милиони деца се будат секој ден без оброк поради затворањето на школите ширум САД, објавја од No Kid Hungry, пренесува People. Бел не е единстевената позната личност која помогна да се прехранат заболените од коронавирусот. Нејзиниот пример го следеа и Сијера и Расел Вилсон кој порачаа дека ќе донираат милион оброци до локалната банка на храна за да помогнат во текот на епидемијата.

Оваа недела, Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли ветија милион долари за организацијата која ја претставуваат банките за храна ширум САД и Канада.

„COVID-19 имаше голем имапкт врз старите и сиромашни семејства. Затоа Блејк и јас ќе донираме милион долари кои ќе ги споделиме со организацијата Feeding America и Канадската банка за храна“, напиша Рејнолдс на „Инстаграм“.

 

 

Scroll to Top